Луѓе што имаат презиме што завршува на -иќ
Од секогаш сум се чудел од каде е таа поврзаност на овие луѓе со Србија / Хрватска, а се родени, израснати и воспитувани во Македонија, а имаат ајде да речам српско презиме.
Не зборам за оние кои едниот или двата родитела му се чистокрвни Срби, туку зборам оние што се повикуваат на баба / дедо што пред 80 години по грешка бил донесен да служи војска во Скопје, се запознал со македонка, и сега сите се чистокрвни србенди.
Зошто сите толку ја сакаат таа земја? Ниту го знаат целосно јазикот, ниту културата, ниту пак биле одреден период таму, ама се слуша само турбофолк, се навива исклучиво за Ѕвезда или Партизан и се слават сите Немањи, Његоши, Уроши, се величат воени злосторници и криминалци.
Океј, најблизок народ ни се некако, сличен јазик, слична култура, но никогаш не го разбрав лупањето во гради, демек има српско потекло. Ако е така, сите што се родени во Нови Сад и околина треба да спамаат дека Унгарија е светска велесила, божји народ, со свето писмо и традиција. И да се навива за Веспрем наместо за Партизан. Или сепак не?